Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на ограничувањата поради коронавирусот

Од:

Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, извести денес министерот за здравство Венко Филипче.

Фазата во која се наоѓаме, со најголеми рестрикции на движењето, ќе се искористи за подготовка на производствените капацитети, рестораните и економските оператори за постепено враќање на вообичаениот начин на работа.

„Се подготвуваме и за периодот, тогаш кога ќе дојде согласно бројот на новодијагностицирани пациенти, искрено се надевам согласно предвидувањата некаде на крајот на април да се достигне врвот, постепено животот да се врати во нормала, целокупниот работен процес. Сакам да упатам една јасна порака дека нема да може така лесно целокупниот работен процес, но и животот да се врати во нормала со истиот интензитет имајќи го во предвид искуството на некои други земји и предвидувања дека секогаш постои ризик и за втор пик. Во таа насока следната недела почнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори на кои од наша страна, од страна на Комисијата за заразни болести ќе им се даде јасна насока на економските оператори, на производствените капацитети, на рестораните како треба нивниот процес да го организираат за да тогаш кога ќе се одлучи дека е дојден моментот да се отстранат сите овие рестриктивни и ригорозни мерки, целокупниот тој процес постепено да се врати во нормала. Сето тоа ќе се работи во овој период додека траат мерките, за кои искрено веруваме дека ќе стават крај на патот на ширење на вирусот“, рече министерот Филипче.

Мерките ќе се олабавуваат постепено за да не се случи нагло зголемување на бројот на пациенти, нешто што засега министерот смета дека успешно сме го избегнале. Тој уште еднаш апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките.

„ Ова е тежок период, убаво е времето и навикнати сме надвор но мора да издржиме, да се почитува забраната и за што пократко време да може да кажеме дека се што сме направиле вредело. Сега е исклучително важно да се почитуваат мерките затоа што како поминуваат деновите со најстроги рестрикции така доаѓаме поблиску до поставената цел – спречување на ширењето на вирусот“, рече министерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

Водата во Гостивар била загадена и во времето на Филипче, обвинија и премиерот и шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

ВИДЕО: Филипче тврди дека има загадување на водата со колиформни бактерии и во болницата во Лешок

Филипче: Намерното запирање на европскиот пат е форма на државен удар

Катерина Ѓуровски

Филипче: Ризик во Гостивар постои од поголема катастрофа, труење со храна и хепатит

Катерина Ѓуровски