Слатките најчесто ги купуваат возрасните и жените, а ги конзумираат децата

Од:

Жените како популација и бабите и дедовците како возрасна група се најчестите купувачи на слатки производи, додека пак нивни главни конзументи се децата, покажува истражувањето кое денеска беше презентирано на првата интерактивна Talk IN Business конференција на тема „Слатка програма“ на која учествуваат најголемите кондиторски производители од Македонија, дистрибутери на производи од слатка програма и најголемите супермаркети.

Консултантот на денешната конференција Оливер Гичевски појасни дека слатките производи се спицифични и ипулсивни, а одлуката за тоа кој производ да го купат, според него, потрошувашите ја наосат на лице место. Слатките во продавниците, вели Гичевски се изложуваат според посебни стандарди.

Владо Рикаловски, од Институтот за истражување на јавното мислење и пазарот „Медијана“  појасни дека на конференцијата е презентиран модел за интегрирано маркетинг планирање кое се базира врз навиките и склоностите на испитаниците, односно на потрошувачите да купуваат одреден производ и како тие соодветно на нивните навики, склоности и перцепции да срочат една интегрирана маркетинг стратегија за најоптимално комуницирање со нив.

– Она што се издвои од презентацијата како интересен податок е тоа што претежно демографски гледано жените одлучуваат за тоа кој сладок производ ќе биде набавен во домаќинството, додека мажите имаат поголема склоност да го консумираат тој производ што жените го набавуваат, што значи жените ја носат одлуката за набавката, а мажите во поголема мера го консумираат производот од жените. Тоа се интересни опсервации кои може да послужат во пристапот на тоа како ќе биде комуницирана целната публика од страна на компаниите и произведувачите, истакна Рикаловски.

Според Боге Божиновски од ГФК Агенција за истражување на пазар, нивното стражување во кое е прикажано како потрошувачите ја гледаат слатката програма, поточно кексите и бисквитите, им помогнало на компаниите да се запознаат со тоа што потрошувачите бараат, кога бараат сладок производ, и кои се бенефитите коишто тие ги бараат во производите.

-На купувачите најмногу им е важен вкусот на производот, било да е тоа вкусот на самиот кекс или пак вкусот на преливот на кексот, следено од марката на производот. Значи се водат од марката и цената на производот. Различни потрошувачи бараат различни работи, има различни целни групи, некои се повеќе насочени или пак почесто консумираат интегрални кекси, она што е нов тренд, додека други бараат малку повеќе задоволство кога бираат кекси односно бисквит и повеќе се насочени кон оние чоколадирани кекси. Нема еден одговор на ова прашање, истакна Божиновски.

Според истражувањето интегралните кекси повеѓе ги конзумираат помладите и женската популација, додека чоколадните кекси се интересни за машката популација. Истражувањето покажало дека тврдите суви кекси се многу повеќе преферирани од повозрасната популација 55+.

Во три работни групи учесниците на конференцијата дискутираа за потрошувачките навики, позицијата на брендовите и за основните трендови на секоја категорија, како и за интегрирано медиумско планирање на кампањи.

„Слатка програма“ е првата од 10-те планирани конференции во рамки на регионалниот проект Талк ИН Бусинесс. Интерактивните конференции ќе се одржуваат еднаш месечно и на секоја ќе се обработува одредена категорија производи од ФМЦГ-секторот. Ќе бидат презентирани информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, ќе се споделуваат искуствата за категориите.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза