Sky News: На граѓанскиот протест во Скопје имаше повеќе луѓе отколку на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Холандскиот новинар Марсел Ван Дер Стил во јавувањето за вестите за Skу News кажа дека граѓанскиот протест кој се одржа пред Владата во Скопје имал погoлема поддршка и бројност, отколку тој на ВМРО-ДПМНЕ.

Скај Нјуз во извештајот кажува дека на протестот пред Владата според него имало до 50.000 луѓе, а официјално бројката била околу 100.000 луѓе, додека според него на собирот на ВМРО-ДПМНЕ сепак имало помалку луѓе отколку на протестот претходниот ден.

Според него, имало различна атмосфера, протестот пред Владата бил како фестивал во сончев ден, многу луѓе играле, можеле да се видат различни знамиња -македонски, албански, босански, бугарски, српски, додека на собирот на ВМРО-ДПМНЕ имало милитирастички и религиозни симболи, и извици дека ќе се одбрани Македонија.

– Не се чувствував многу удобно, вели тој за атмосферата на протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

Со повикување на дел од медиумите, и српски Блиц наведува дека поголема бројност имало на граѓанскиот протест пред Владата.

– Визуелно да го зголеми бројот на присутните, ВМРО-ДПМНЕ го избра просторот пред Собранието кој е прилично помал и потесен и на кој со двојно помалку луѓе се добива ефект на двојно повеќе луѓе од тој на граѓанскиот протест на кој се бараше оставка од премиерот, пренесува Блиц.

protestdpmne

Фотографијата покажува дека овој простор пред Собранието беше исполнет подеднакво како и на протестот на ВМРО-ДПМНЕ од само една од четирите колони кои од различни правци се движеа на протестот пред Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота