Скопското обвинителство отвори истрага за дилер од Штип

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на Штип за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

– Во патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со штипски регистарски ознаки, кое осомничениот го управувал на улицата „Петар Георгиев“ во Скопје, полициски службеници пронашле 30 оригинални шишенца метадон со вкупен волумен од 300 милилитри. Синтетичкиот опијат кој е контролиран како опојна дрога бил скриен во просторот за резервна гума во багажот на автомобилот, информираат од скопското обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека би можел да се даде во бегство или да го повтори делото.​

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници