Скопската обиколница затворена до 28 септември поради снимање филм

Од:

Обиколницата крај Скопје од утре до 28-ми овој месец ќе биде затворена за сообраќај секој работен ден од 7 до 19 часот на потегот од клучката Хиподром до клучката Сарај, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму посочуваат дека на 22 септември годинава ќе биде редуциран и режимот на работа на патарината Петровец, додека секциите на автопатот околу Градско ќе бидат затворени во периодот од 28 септември до 25 октомври годинава и сообраќајот ќе биде пренасочуван.

Причина за посебниот режим на сообраќај, како што соопшти АМСМ, е снимањето на францускиот игран филм „2015 А Фонд“ од страна на Мануфактура Продукција од Скопје.

– Филмот ќе се снима на обиколницата околу Скопје, на одредени секции на автопатот Е-75 како и на патарината Петровец во периодот од 3 септември до 25 октомври годинава, прецизираат од АМСМ.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза