Скопје и Виена воспоставуваат блиски пријателски односи

Од:

Градоначалникот Шилегов во рамките на работната посета во Виена денеска имаше средби со Градоначалникот и Претседател на Покраината Виена д-р Михаел Хојпл.

На средбата, градоначалниците дискутираа за развојните визии на новото градско раководство, како и за идеите и праксата што Виена може да му ги пренесе на Скопје на ова поле. Исто така, на средбата беа разменети и искуства за градското зонско паркирање и паркинг просторот во двата градови.

Шилегов во текот на денешниот ден, оствари средба и со заменик- градоначалникот на Виена, Марија Василаку, која е одговорна за урбанизам и сообраќај, заштита на животна средина, енергетско планирање и учество на граѓаните во креирање јавни градски политики во Виена. На оваа средба, Шилегов и Василаку разговараа за јавниот транспорт и негово ефикасно воспоставување, за проектите на споделување велосипеди, како и за развојот на Скопје во енергетско ефикасен, зелен и паметен град.

Покрај овие две средби, градоначалникот Шилегов се сретна и со раководителот на Туристичкото здружение на Виена, Норберт Кетнер, и пратеникот на Покраинското собрание Омер – Ал Рами.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Лавини на Алпите, петмина загинати

А1он

Полицаец призна убиство на бремена фитнес инструкторка – играле „игри со задушување“

А1он

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он