Скопје утре под посебен безбедносен режим за Македонија – Хрватска

Од:

МВР информираат дека ќе бидат преземни посебни безбедносни мерки за претстојниот фудбалски натпревар меѓу националните селекции на Македонија и Хрватска закажан за утре во 20,30 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Во рамки на сообраќајниот режим, меѓу другото утре од 12 часот ќе биде затворен сообраќајот од крстосниците на улиците „Ленинова“ и „Јордан Хаџи Констанинов-Џинот“ кон фудбалскиот стадион, и ќе бидат пропуштани само возила со посебни пропусници. Исто така, во тој период ќе биде расчистен сообраќајниот и паркинг просто во непосредна близина на стадионот.

Во периодот, пак, од 17 часот ќе бидат сообраќајно регулирани и приодите од булеварот Илинден кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници и други итни потреби.

МВР апелира до граѓаните, особено оние кои со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.

Би можело да ве интересира

43-годишна жена од Скопје починала во изнајмен стан

Земјотрес во Скопје

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

Од утре до понеделник посебен режим на сообраќајот во Скопје

Скопје утрово е најзагаден град во Европа