Скопје се враќа во нормала: „Комунална хигиена“ ги празни контејнерите

Од:

Полните контејнери во скопските општини полека се празнат, камионите на ЈП „Комунална хигиена“ работат постојано, а од Град Скопје уверуваат дека ќе се нормализира состојбата во текот на денот.

Преполните контејнери на скопските улици почнаа да се празнат откако со полициска асистенција камионите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се вратија на улиците доцна синоќа, а најголем дел од вработените останаа да протестираат.

Градоначалниците на скопските општини со асистенција на комунални возила од другите помали градови синоќа почнаа своја акција за собирање на сметот и одложување на истиот во „Дрисла“, но оттаму наидоа на затворени врати па мораа ѓубрето да го истурат пред капија.

Работниците од Комунална Хигиена – Скопје, започнаа да протестираат во саботата пред просториите на претпријатието, поради, отпуштањето на десетици нивни колеги, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. Тие одбиваат да го соберат сметот додека не се исполнат нивните барања.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, по состанокот на градскиот кризен штаб, обвини дека дел од вработените повеќе дена ја блокираат работата на Комунална хигиена поради лични интереси. Сепак таа додава дека чистење на отпадот се враќа во нормала.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ и Ѓорѓиевски во акиција за расчистување на сметот

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

„Скопје создава биолошки резервоар на зараза“ – остро предупредување од епидемиологот Даниловски

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

Немаме камиони, немаме доволно луѓе – реакција на синдикатот на Комунална хигиена која најави постапки против раковдството

Катерина Ѓуровски

Владата ги испрати МВР и инспекциите во Комунална хигиена, а Обвинителството почна постпка поради хаосот со ѓубрето во Скопје

Катерина Ѓуровски