Македонската престолнина Скопје продолжува да биде еден од најзагадените градови во Европа. Според специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-кју-ер“, Скопје деновиве го држеше приматот како најзагаден главен град во Европа.
Министерството за животна средина вчера информираше дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица.
„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, се вели во соопштението на МЖСПП.