На улицата „Цветан Димов„ во Скопје, вчера околу 16 часот, поточно на автобуска постојка кај ТЦ -„Чаирчанка“ на Х.Ш.(17) и била нанесена повреда со нож во пределот на бутот од левата нога од страна на С.Б.(19) од Скопје, со кого инаку се познавале.
Повредената заради укажување на лекарска помош била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.