„Скопје 2014“ преку новинарски истражувања

Од:

Пет независни новинарски истражувачки видеа за контроверзиите на проектот „Скопје 2014“ ќе бидат денеска проектирани во Чаршиската книжарница со почеток од 19 часот. Прикажувањата се организирани од Плоштад Слобода, група активисти познати како агитатори против градежната експанзија што го зафати центарот на градот, во соработка со новинари-истражувачи.

Фокусот на проекцијата е на капиталните проекти кои се реализирани изминативе години во Скопје. Видеата се на Жарко Настоски, Мери Јордановска, Хералд Шенкер, Деспина Трајковска и Бојан Стојановски.

Економската логика зад зградите од „Скопје 2014“ и трошоците за одржување на проектот ги истражува Жарко Настоски. Ангажманот и претходното искуство политичките и уметничките автори на проектот ги истражува Мери Јордановска во својата сторија „Авторството на Скопје 2014“. Хералд Шенкер во „Сликата на неквалитетен дискурс“ навлегува во грешките во изведбите на скулптурите и другите објекти од Скопје 2014, поточно соодветноста на процедурите и можните начини како тие настанале.

Процедурите и финансиите на Воинот на Коњ и Порта Македонија ги истражува Деспина Трајковска во „Капиталните споменици во Скопје 2014“.. Додека Бојан Стојановски се фокусира на загубените зелени површини во центарот на Скопје, градскиот парк и парк-шумата Водно, и дава историска перспектива на најголемите уништувања на зеленилото во Скопје изминатите години.

По проекцијата ќе се разговара за темите на истражувачките стории.

Имено, Чаршиска Книжарница (Libraria e Çarshisë) се наоѓа на самиот влез на Старата Чаршија, од страната на споменикот на Скендергбег, на улицата која води кон Битпазар.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Здружението „Плоштад Слобода“ бара повлекување и доработка на планот за „Мал ринг“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: Наумоски не може да се тргне од позицијата основач на „Плоштад слобода“

Наум Локоски

Шилегов на здружението на својот шеф на кабинет му додели 180 илјади денари

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Станови од посебен интерес, висококатници и нови барокни „чудовишта“ му се закануваат на Дебар маало

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Распеани Скопјани: Архитекти градете со љубов!!!

Ана Ололовска

Плоштад Слобода: Чкртањето ленти во боја по улиците не се велосипедски патеки

Ана Ололовска