Скопјанката по која се трагаше е најдена мртва во нива

Од:

Скопјанката Стојанка Ѓоргиева по која четири дена трагаше семејството е пронајдена мртва. 75-годишната жена, која имала Алцхајмерова болест и без слух е најдена во нива. Пријавата ја добила полицијата утрово околу 10 часот, а телото е предадено на обдукција која треба да покаже како настанала смртта.

Изминативе денови, семејството информираше дека имаат информации дека сега починатата Стојанка била забележана близу Арачиново. Граѓаните кои алармирале, посочиле и дека таа барала вода. Нивата каде е најдена е близу местото каде и е видена.

Би можело да ве интересира

Жената која беше извлечена од Вардар пред неколку дена е исчезнатата Лидија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Со полициски хеликоптер спасена е жената која беше пријавена дека се оддалечила од својот дом

Горан Наумовски

Се трага по изчезната 37-годишна жена од пехчевско

Жарко Настоски

Исчезната 56-годишна жена од Кривопаланечко