(ВИДЕО) Со полициски хеликоптер спасена е жената која беше пријавена дека се оддалечила од својот дом

Од:

МВР извести дека денеска полициски службеници од Одделот за воздухопловни единици при МВР во реонот на селото Требовлје ја пронајдоа и безбедно ја пренесоа В.Н. (55) од село Косово, Македонски Брод, за која од страна на нејзиниот брат Б.Н.(50) на 1.1.2024 во ОВР Македонски Брод беше пријавено дека се оддалечила од домот.

„В.Н. е предадена на медицинскиот персонал во Клинички центар “Мајка Тереза”. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето и В.Н. денеска е пронајдена“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

Три жени исчезнаа на Косово

Куче пронајде жена во поле со пченка, два дена откако доживеа несреќа

Горан Наумовски

Скопјанката по која се трагаше е најдена мртва во нива

Горан Наумовски

Се трага по изчезната 37-годишна жена од пехчевско

Жарко Настоски

Исчезната 56-годишна жена од Кривопаланечко