Скопјанка тврди дека таа и нејзиното куче биле нападнати од непознати лица, бара сведоци на настанот

Од:

По инцидентот што се случи во скопската населба Карпош, кога скопјанец физички нападна 25-годишна девојка и ја пријави во полиција со тврдење дека нејзиното куче го каснало, на социјалните мрежи настанот го опиша девојката, која вели дека станува збор за лага и дезинформација.

Скопјанката вели дека мажот и жената физички ја нападнале, откако претходно погрдно ѝ се обраќале, дека „кучкарите треба да си седат дома“. Таа апелира до сите граѓани кои биле сведоци на настанот на 30 март годинава, да ја контактираат, со цел полицијата да има комплетна слика за она што се случувало.

Миленикот на Александра

„Јас бев сопственичката на кучето што отиде во 9 часот да си купи за јадење од пекарата со моето куче, како и речиси секое утро, кога бев нападната физички од 2 непознати лица од 50-тина години (маж и жена), затоа што сум била ‘КУЧКАРКА’ и сум го шетала кучето. КУЧКАРИТЕ требало дома да седат. Додека јас најнормално поминував со јадењето тргната да си одам дома почнаа да упатуваат огорчено зборови спрема мене гласно како ‘ОВИЕ ПА СО КУЧИШТАВА, соберете си ги КУЧИШТАВА дома’ итн итн. Откако им се приближив да прашам зошто им сметам што поминувам покрај нив, следуваше мавање на кучето со нозе, ташни, бркање околу мене за да го удрат. Во тој момент мене ме фати за главата дотичниот и ми ја распука устата при што се здобив со дезориентација и внатрешно крварење во устата. Двајцата почнаа физички да ме напаѓаат, и нормално луѓето од околу се собраа да ме одбранат. Моето куче е 2 годишно мешанче од стафорд. Кучето е израснато од самото раѓање во домашни услови, чувано како бебе, гледано како капка. Израснато со деца и со луѓе. Кучето се тресеше од страв во еден ќош и немаше никаков контакт со луѓето откако почнаа да маваат по него, а да не разговарам за небулозноста дека ги каснало“, вели 25-годишната Александра и преку социјалните мрежи апелира до сите граѓани кои биле сведоци на настанот, да ја контактираат, со цел да се расветли случајот.

Случајот во полиција претходно го пријави скопјанецот.

„На 30.03.2021 околу 10.00 часот во СВР Скопје, А.Д.(57) од Скопје пријавил дека во трговски центар на подрачјето на Карпош бил каснат од куче, по што настанала физичка пресметка со сопственичката на кучето А.М.(25) од Скопје“, се вели во полициското соопштение и се додава дека е направен записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Германски овчар во Загреб каснал девојка и убил помало куче

Куче си го каснал сопственикот и соседот

Кавадарчанец со пушка пукал во куче

(ВИДЕО) Кучето на претседателката на Молдавија го касна австрискиот претседател Ван дер Белен