З.Б. (44) од скопско Студеничани вчера утро паднала од горниот кат од куќата додека пружала алишта на жица до прозорецот
Во еден момент жената добила вртоглавица по што од прозорецот паднала во дворот и се здобила со тешки телесни повреди.
По несреќата жената е пренесена и задржана на лекување во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде од страна на лекарите констатирана и е скршеница на бутната коска на левата нога.