Скопјани се опуштија: Во парковите како на пикник, заборавија на коронавирусот

Од:

Родители со деца, тинејџери и млади собрани во групи, седнати на тревата, се дружеа, како да не постои опасност од коронавирусот. Ваква беше сликата во Градскиот парк, кој вриеше од граѓани кои решиле да го искористат топлиот сончев ден и да се дружат по парковите и покрај предупредувањата на здравствените експерти дека пандемијата со коронавирусот не е завршена.

При тоа најголем дел беа опуштени и не водеа сметка за заштита, се поздравуваа се гушкаа, наместо да држат дистанца од два метра растојание. Имаше и млади собрани во гупи од 4 до 5 луѓе, седнати на тревата еден до друг и се релаксираа како на пикник. Со себе донеле и пијалаци и прехранбени намирници, а од мобилните телефони пуштаа музика, се забавуваа и пееја. Други се организирале и во паркот на тревата играа фудбал.

Слично е и на патеките, кои беа полни од шетачи кои возеа велосипеди, шетаа домашни миленици или џогираа. Поголемиот дел од оние кои спортуваа беа сами и избегнуваа контакт за разлика од оние кои седеа на клупите не водејќи сметка за држење дистанца и избедгнување контакт со други луѓе, а не носеа ниту заштитни маски. Олабавувањето на полицискиот час делуваше и кај скопјани, кои не пропуштија можност да излезат и да го искористат топлото време, при што голем дел заборавија дека опасноста од болеста сè уште постои.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Тројца полнолетни скопјани и три деца со пиштол вршеле разбојништво во Градскиот парк

Маските се враќаат – комисијата за заразни болести бара да сe задолжителни во здравствени установи

А1он