Скопјани и Србин сексуално експлоатирале босанска државјанка

Од:

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против две лица од Скопје и еден српски државјанин.

Станува збор за 45-годишниот А.М. и 46-годишниот И.С. од Скопје и српскиот 23-годишен државјанин С.А, коишто се омничат дека сториле кривично дело „трговија со луѓе”.

Тројцата се сомничат дека прифатиле, сместиле и со закана и присила посредувале при вршење на сексуална експлоатација над една босанска државјанка. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Имено, спрскиот државјанин С.А. во текот на минатиот месец во соседна Србија се запознал со 23-годишната В.С. од Босна и Херцеговина каде што таа времено престојувала и со измама за склучување брак ја врбувал и ја донел во заблуда по што заедно илегално влегле во Република Македонија.

Оштетената била сместена во куќата на А.М. кој и’ ги одзел личните документи и мобилниот телефон, а потоа заедно со С.А. со принуда, ќотек и сериозни закани по нејзиниот живот сексуална ја експлоатиалеа.

Така, девојката била принудувана да дава сексуални услуги на клиенти за сума од 500 до 1.000 денари, кои морала да му ги предава на С.А., а при пронаоѓање на клиенти посредувал и пријавениот И.С.

На 3-ти октомври годинава девојката успеала да избега од куќата на А.М. и случајот го пријавила во полициската станица Бит пазар.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски