Скопјанец застанал да смени дупната гума, го удрило возило и загинал

Од:

Денеска околу 6.10 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Киро Глигоров“ се случила сообраќајна несреќа.

Според пријавеното, 53-годишниот Б.С. застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа што му пукнала гума, по што со друго возило дошол да му помогне 29-годишниот скопјанец Н.С..

Според пријавеното, додека се обидувале да ја променат гумата во нив удрило патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистерски таблички, управувано од 18-годишниот Н.Л. од Скопје, кој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото, извести МВР.

На местото на настанот загинал Б.С., а Н.С. е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Возилото „форд фиеста“ е пронајдено на булевар „АСНОМ“.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа