Скопјанец заработи кривична пријава за тешка кражба

Од:

Министерството за внатрешни работи со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за натамошна постапка го предаде скопјанецот Н.З.(44), поради постоење основано сомнение дека сторил „тешка кражба“.

Кривичното дело го извршил во периодот од 27 до 29-ти јуни оваа година на подрачјето на град Скопје, при што се стекнал со вкупна  противправна имотна корист од околу 170.000,00 денари.

Од истражен судија изречена му е мерка притвор во траење од десет дена. Инаку,  Н.З. од 26.06.2012 година е во бекство од КПУ Идризово каде што бил на издржување на затворска казна за што од страна на Министерство за правда КПУ-ВПУ Идризово издадена е наредба за распишување потерница. По него претходно има распишано и наредба за издавање потерница од истражен судија од Основен Суд Скопје 1.

Од МВР информираат дека во посочениот период, Н.З. отишол на ул„Рафаело Батино“ до куќата сопственост на оштетениот А.Д. од Скопје, во која како потстанари живееле К.И. од Одеса, Украина   со сопругот К.А. при што украл 1.300 американски долари, еден лап топ компјутер марка АСУС и разен позлатен накит во вредност од околу 200 евра (дебел ланец, обетки и прстени) со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 170.000,00 денари.

Тешката кражба ја извршил со употреба на маса која била оставена во дворот се поткачил до прозорот од дневна соба, а потоа ја подигнал пластичната ролетна и истата ја потпрел со алат-копач. Потоа со тврд предмет го скршил дуплото прозорско стакло се протнал низ отворот и влегол внатре во куќата каде извршил претурање и пребарување низ дневна, спална и детска соба, каде ги пронашол и украл наведените предмети, по што го напуштил лице местото по истиот пат по кој и влегол.

Единицата за истрага на местото на настан и вештачење при СВР Скопје за извршеното кривично дело на 29-ти јуни годинава изврши криминалистичко техничка обработка при што пронајдени се траги, а куќата е запечатена поради отсуство на оштетените. На 30-ти јуни годинава е извршен увид на лице местото за што е сочинет записник за увид. Од страна на Одделот за криминалистичка техника при МВР на РМ извршена е споредбена анализа на пронајдените траги при што со сигурност е утврдено дека истите потекнуваат од пријавениот за што изготвено е вештачење.

Осомничениот е приведен во полициската станица Кисела Вода и со него е извршен разговор за што сочинета е службена белешка. Бидејки осомничениот не поседува документ за идентификација од страна на Отсекот за вештачење при СВР Скопје утврден е неговиот идентитет.

Освен оваа пријава, во март годинава до ОЈО Скопје беше поднесена пријава против него и против О.Б. за сторени други 29 кривични дела, а во мај против овие две лица и против Ф.Ш. Беше поднесена кривична пријава и за сторени 41 друго кривично дело.

Н.З. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што досега повеќе пати е кривично пријавуван и казнуван.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Обид за кражба на изборен материјал од простории во Општина Чаир

А1он

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец