Скопјанец тргувал со оружје и произведувал дрога

Од:

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, до надлежното Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.М. (30) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурзори“.

Во неговата куќа се пронајдени еден пиштол марка „Берета“ калибар 9мм, четири куршуми калибар 9мм, 14 куршуми калибар 7,65мм, потоа три полиетиленски паковки, во едната 5,81  грама мешавина од наркотична дрога марихуана со тутун, во втората 2,21 грама марихуана и 1,25 грама семки од марихуана , и третата со 0,76 грама марихуана, како и три стебла од растението “канабис  сатива“ со висина од 90-180 см и две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога марихуана. Истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

По претходно добиени оперативни сознанија во текот на минатит месец, според кои Н.М. се занимава со недозволена трговија со наркотична дрога, Единицата за недозволена трговија превзела соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази. Така, по претходно обезбедена судска наредба СВР Скопје е извршен претрес во домот на Н.М. на улица во Скопје и при претресот во домот се пронајдени: пиштол марка „ Берета„ кал 9мм, 18 куршуми , една пластична кутија со три полиетиленски паковки со наркотична дрога марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана, како и 3 стебла од растението “канабис“ пронајдени во дворот.

По завршувањето на претресот Н.М. е приведен во службените простории на СВР Скопје каде  во извршениот разговор појаснил дека пиштолот го купил од Косово пред три-четири месеци, од непознато лице за цена од 350 евра, а марихуаната ја засадил од семки кои му останале од  поодамна купена паковка со марихуана.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар