Скопјанец преку „Фејсбук“ им се заканувал на пратеници и ширел расистички материјал

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се преземени мерки за споделената објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од страна на 49-годишен И.Ј. со која тој предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во македонското Собрание и ширел расистички и ксенофобичен материјал.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Од МВР истакнуваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Се повикуваат и граѓаните кои се изложени на вакви закани или сведочат за вакви закани да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected].

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски