Скопјанец повреден со нож во близина на ТЦ Сити мол

Од:

Во близина на ТЦ Сити мол на ул. „Љубљанска“ синоќа околу 19.40 часот во тепачка 20-годишно момче од Скопје се здобило со повреди нанесени од нож, по што е префрлено во Ургентниот центар за лекарска помош.

Како што информираат од МВР, двајцата браќа од Скопје В.Ќ 20-годишен и С.Ќ 23 години биле во патничко моторно возило „голф“ со кое се движеле по еднонасочна улица при што ги пресретнало друго возило. Започнале вербална расправија по што од другото возило излегле две непознати лица и физички ги нападнале браќата. Едно од лицата извадило нож и на В.Ќ. му нанаело расекотини по телото и главата по што избегале.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски