А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за скопјанец, кој со објава на „Фејсбук“ ја загрозил сигурноста на пратеници

by А1он10/01/2019 - 14:5510/01/2019 - 14:56349
Share0

Скопјанец, преку споделена објава на Фејсбук, се заканувал на пратеници во македонското Собрание загрозувајќи им ја сигурноста.

Добивај вести на вибер

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство- Скопје презеле мерки и активности поради споделената објава од страна на Б.Б. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на РМ.

По наредба на Основното јавно обвинителство- Скопје Б.Б. вчера е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети за цел прибирање докази. По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.

МВР истакнува дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на вакви случаи. Ги повикува сите граѓани кои се изложени на такви закани или сведочат на такво нешто, да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]., се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

fejsbukhronikaskopje

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:55

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:50

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 11:5027/02/2026 - 12:03

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 13:57

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:16

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен