Скопјанец осомничен за силување

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 24-годишен скопјанец, на 13 јануари, во стан на улицата „Мавровска“, извршил обљуба врз девојка со која претходно бил во неколкумесечна љубовна врска. Тој влегол во станот во кој престојувала оштетената и иако таа се спротивставувала, со употреба на физичка сила и удари, ја принудил на сексуални односи, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​​

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари