Скопјанец осомничен за илегална трговија со кокаин

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец откако полициски службеници во неговиот автомобил пронашле 1109, 93 грама кокаин. Дрогата била пронајдена при претрес на автомобилот на 13 октомври, при што полицијата пронашла и дигитална вага со траги од наркотична дрога.

Со ова постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз постапката или да го повтори делото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Откриена дилерска група, шверцувала кокаин од Холандија

Во стан во Ница запленети 50 килограми кокаин во вредност од 3 милиони евра

А1он

Европол: Запленети 780 килограми кокаин, уапсени 14 лица во три земји

А1он

Кај 21-годишен скопјанец пронајдени се четири килограми марихуана

А1он

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место