Скопјанец обвинет за трговија со марихуана

Од:

Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 23-годишен скопјанец за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. За лицето е доставен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор.

Од ЈО Скопје информираат дека, по спроведена истражна постапка, денеска поднеле обвинителен акт против лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот 23-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал, држел наркотична дрога марихуана во вкупна нето-количина од 486,04 грама, спакувана во повеќе полиетиленски пакувања со различна грамажа, како и едно полиетиленско пакување со 4,04 грама психотропна супстанција – амфетамин. Дрогата, наменета за натамошна продажба на црниот пазар во Скопје, била пронајдена при претрес на 24 април, при што биле одземени и две дигитални ваги, информираат од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител доставил до Основниот кривичен суд Скопје  предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана