А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Скопјанец ја претепал невенчаната сопруга и ја тепал и гризел нејзината 3-годишна ќерка

by А1он10/01/2020 - 20:0711/01/2020 - 08:20881
Share0

Основното јавно обвинителство бара притвор за скопјанец кој ја претепал својата сопруга, а нејзината тригодишна ќерка ја мавал со дрвен предмет, ја гризел и ѝ ги ставал рацете на шпоретот.

Добивај вести на вибер

Обвинителството го сомничи насилникот за тешка телесна повреда и запуштање и малтретирање дете.

Од обвинителството соопштуваат дека осомничениот, на 7 јануари, во домот на ул. „Вашингтонска“ во Скопје, тешко телесно повредил жена со која живеел во вонбрачна заедница. По претходна вербална расправија, тој почнал да ја удира со тупаници во пределот на лицето, а потоа со тврд предмет – парче дрво замавнал и ја удрил по главата и телото. Потоа насилно ја турнал жената на подот и продолжил со клоци да ја удира по стомакот, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди.

„Додека оштетената се обидела да повика помош, тој се приближил кон нејзината 3-годишна ќерка и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување како очув, започнал да ја удира со дрвен предмет по телото, да ја гризе и да и ги става рацете на шпоретот, со што и нанел тешки телесни повреди“, се вели во соопштението.

Со оглед на тоа надлежниот јавен обвинител утврди дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

mvrsemejno nasilstvo

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он28/03/2026 - 16:1228/03/2026 - 17:24

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:4126/03/2026 - 14:39

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто