Притвор за скопјанец кој претепал 14-годишно девојче поради скршено огледало

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје, по пријава од Единицата за насилен криминал во МВР, поведе постапка против 64 годишен скопјанец кој грубо навредувал, малтретирал и извршил физичко насилство врз дете на возраст од 14 години. За него обвинителството бараше, а судот му определи 8 дневен притвор.

Според пријавата, девојчето со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот во Аеродром. На 23 јануари, девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот почнал прво да ја навредува, а потоа и да ја удира со тупаници и со стап по главата и телото. Во еден момент зел парче од скршеното огледало и започнал да ја сече од задната страна на вратот. Оштетената се обидела да избега и да повика помош, но тој продолжил да ја тепа и во дворот на куќата. За време на настанот во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца на возраст од три месеци и една и пол година, која не успеала да му помогне на девојчето.

„Имајќи го предвид видот и тежината на кривичното дело што му се става на товар, предвидената казна, опасноста и степенот на загрозување од вакви кривични дела, како и фактот дека се работи за насилство врз 14-годишно дете, надлежниот јавен обвинител процени дека постојат околности кои укажуваат опасност од бегство на осомничениот. Од тие причини, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Притоа, јавниот обвинител го ценеше и фактот што се работи за кривично дело против јавниот ред и што осомничениот е лице кое е претходно осудувано и кое би можело да го повтори кривичното дело“, велат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Двајца стружани оштетиле неколку возила, а нападнале и полицајци

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Кривична пријава за жител од Чашка кој физички ја малтретирал малолетната ќерка

Скопјaнец ја истепал својата 18-годишна сестра

Горан Наумовски

Жена е нападната од нејзиниот син во Аеродром

Полицијата уапси млад штипјанец кој си ја истепал девојката