Педесет и петгодишен скопјанец вчера од случајни минувачи бил изваден од реката Вардар и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен на Токсикологија во Ургентниот центар Скопје.
Како што соопшти МВР, вчера во 19:45 часот во Полициската станица Карпош медицинска сестра од ИМП пријавила дека на телефонскиот број 194 примиле пријава дека непознато лице паднало во Вардар, во близина на одбојкарското игралиште.
Од извршените проверки било утврдено дека се работи за Р.К. (55) од Скопје кој испил поголема количина алкохол и солна киселина. Р.К. од случајни минувачи бил изваден од реката и со возило на ИМП бил пренесен во УЦ-Скопје-Токсикологија.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.