Скопјанец фатен во обид за кражба во армиски објект

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен скопјанец осомничен за обид за – Тешка кражба согласно член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

На 14 мај, во атарот на селото Ќојлија, скопско провалил во издвоен објект на Армијата на Република Северна Македонија, од каде се обидел да одземе туѓи предмети од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот, со намера противправно да ги присвои.

Со клешта за арматура ја исекол жичeната ограда и специјалната бодликава жица, влегол во кругот на објектот Дренов Дол во кој се чувало оружје и друга воена опрема. Осомничениот насилно ја отворил вратата, но во тој момент бил спречен од професионален војник кој го затекнал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

15-годишник силувал тинејџерка

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол