Триесетгодишен жител на Пехчево синоќа околу 19:10 часот скокнал во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко. Немилиот настан се случил на автопатот Скопје – Велес кај местото Ветерско, а и покрај потрагата која траела до полноќ, тој не бил најден.
Како што соопшти полицијата, најпрво се паркирал со возило на просторот кај Ветерско, потоа излегол од него и скокнал. Пребарување на теренот извршила екипа од ЕСЗ „Тигар“, но безуспешно.
Рано утрово околу четири часот Интерното одделение на ЈЗУ – Велес пријавило дека жителот на Пехчево по кого се трагало побарал лекарска помош,а бил донесен од негов роднина.
Се работи на целосно расчистување на случајот.