Скокна интересот за вакцинација, пријавени се 207.332 лица

Од:

Последниве девет дена на електронскиот систем за вакцинација против Ковид – 19 се пријавиле над 25.000 граѓани. На страницата kovid19vakcinacija.mk до денес се пријавени 207.332 лица. Жаклина Чагоровска од „Мој термин“ вели дека забележале скок на интересот за вакцината изминатиот викенд.

„Четири илјади граѓани искажале интерес за вакцинирање од недела до понеделник. Во неделата сме имале 199.084 пријавени, а веќе во понеделникот се бележат 203.084 лица. Минатиот понеделник преку системот 182.250 граѓани биле пријавени, а веќе денес бројката е 207.332 лица“, вели Чагоровска за „А1он“.

Таа смета дека интересот за вакцинација расте секогаш кога стигнуваат нови пратки вакцини и кога во јавноста поинтензивно се зборува за вакцинацијата, како што било изминатиот викенд.

Министерот за здравство Венко Филипче, изминативе денови, во неколку наврати кажа дека очекува интересот за вакцинирање да се зголеми со пристигнувањето на вакцините. Минатата недела во понеделникот стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, викендот и синоќа стигнале 20.000 дози од „спутник В“, кои се всушност втора доза за вакцинирање на критичната инфраструктура, а во петок се очекуваат 200.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“.

Податоците на страницата kovid19vakcinacija.mk се ажурираат еднаш дневно, а во бројката 207. 332 се влезени сите кои за вакцина се пријавиле преку системот, вклучително и оние кои веќе добиле вакцина преку системот.

Според страницата, досега се вакцинирани 55.926 лица.

Системот за електронско пријавување за вакцинирање почна да функционира на 10 февруари, годинава. Веднаш по пуштањето страницата падна и следните денови се правеа технички подобрувања.

Два месеци по пуштањето на страницата, министерот Филипче извести дека на пријавените граѓани преку системот, кои имаат над 70 години, за вакцина им се јавуваат матичните лекари, а останатите добиваат известување преки СМС и за пријавувањето и за вакцинирањето.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски