Повозрасна жена била прегазена во населбата Влае. Прегазената жена починала на лице место.
Според полицијата, денеска изутрина камион „Сканија“ прегазил жена на крстосницата на улиците „Ацо Шопов“ и „Иван Цанкар“ во населбата Влае.
Жената, чиј идентитет не е познат, починала на лице место.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.