СКАНДАЛ: Наместо бубрег извадена циста од ткиво на панкреас

Од:

Скандал на Клиниката за урологија. Нова Македонија ја објави застрашувачката информација дека хирург. Наместо да извади бубрег на пациентка од Куманово ѝ пресекол циста со дел од ткиво на панкреас.

Опашката на панкреасот со циста, како што објасниле  лекарите на новинарот, на хирургот му личела на бубрег.

Директорот на Клиниката за урологија го потврди настанот. Тој вели дека пациентката не е во животозагрозувачка состојба, а нова операција со која ќе ѝ го извадат бубрегот е закажана за крајот на неделава. Колегиумот на клиниката ќе одлучува за одговорноста на хирургот, кој инаку е доктор на науки.

Инаку, панкреасот како орган не го лекуваат уролози, туку дигестивни хирурзи, пишува весникот.

Пациентката е известена за случајот.

Од Министерството за здравство за Нова Македонија, изјавиле  дека ќе го испитаат случајот.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот