Судскиот процес за убиството на Марјан Тушевски уште на стартот се претвори во циркус, им се суди на помагачи, а наводните убијци судот ги бара на огласна табла во судот. Обвиниетлството не ни направило напор да ги најде убијците на адресата на која живеат.
Процесот и покрај настојувањата на судијата експресно да тече, беше прекинат откако Љубе Бошкоски одби да даде изјава пред да му објасни по кој закон обвинителката Лидија Раичевиќ Вучкова ја чуваат девет вооружени полицајци внатре во судницата. На ова обвинителката му возврати дека и таа има пиштол во нејзината торба, по што Бошкоски побара да се прекине процесот зашто таа може и да пука и дека сето тоа му создава стрес. Претходно имаше уште една препирка меѓу двајцата, на што Бошкоски и порача да не се дрзнува да му се заканува од позиција на сила.
Судијата го одложи претресот за четврток, иако одбраната тоа го бараше и претходно, зашто не се исполнети никакви услови. Прашуваа-за што е овој судски процес, ако никој не ги бара и не ги ни известил првообвинетите? Токму Љубе Бошкоски кажа во судот дека тој е целта на судењето, а обвинети се невини луѓе само за да се направи целата приказна за убиството.
Судот направи неколку големи грешки уште на почетокот. Истрагата воопшто не ги опфатила четворицата првообвинети кои се товарат за убиството, и нив никој не ги ни побарал да се јават на судењето. МВР го известило судот дека не се на територијата на Македонија, а судот ги бара на огласната табла, инаку сите странски државјани.
Судскиот процес не требаше да почне без обвинетите за убиството да дадат изјава, тврдеа адвокатите и приложија нивна адреса за да се екстрадираат или барем да се направи напор да се најдат, зашто не ја гледаа која е целта на судскиот процес за убиство, ако ги нема убијците?
Судот се оглуши од ваквите барања и на претресот зеде изјави од двјаца обвинети. Едниот не сакаше воопшто да дава изјава, вториот, обвинет дека на убијците им ги покажал жртвите категорично ги отфрли наводите како неточни и отфрли секаква осдговорност.
А1 дознава дека обвинителството вршело силен притисок на обвинетите да кажат дека Љубе Бошкоски го наредил убиството и дека знаел за него, а за возврат се ветувало ослободивање од обвиненијата и условна казна. Се нудел и статусот „заштитен сведок“ само да биде обвинет Бошкоски. Токму ваквиот однос и кршење на процедурите се најавува дека ќе бидат предмет на ново судење во некое друго време. Во ток контекст и од партијата на Бошкоски, но и од целата опзиција беше најавено дека секој ќе мора да си ја понесе одгворноста за учеството во монтираните политички процеси.
Наводните убијци ги застапува бранител по службена должност, за кои е утврдено дека ќе им се суди во отсуство.