Скандал: Кој е кодошот во Уставен суд?

Од:

Кој е кодошот во Уставниот суд? Ова прашање си го поставувија експертите кои А1он ги консултираше и претседателот на судот, по прилогот вечерва на една национална телевизија, во која го објавија записникот од седницата на која се гласаше за членови од Законот за регистер за педофилите.

Телевизијата по име ги наведе судиите кои гласале за одлуката, за кои и даде оценка дека биле блиски до СДСМ.

Гласањето во уставниот суд е тајно. Бранко Наумовски, претседател на судот прашува кој го дал записникот. Уште понесфатлива вели реакцијата на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

„Министерот беше шокиран од одлуката на Уставниот суд, но јас сум шокиран од неговата изјава и оценка за одлука, која очигледно не ја ни прочитал. Ако ја прочиташе ќе видеше дека Уставниот суд не го укинува Законот, туку бара законодавецот да ги отстани нејаностиите во Законот, посебно делот кога, зошто и како се објавува регистерот на педофили. Треба да се преиспита и процедурата и мнозинството со кое е донесен Законот. Инаки ако ме прашате мене јас сум за најстрога казна за педофилите, но Уставниот суд ја ценеше само постапката и усогласеноста со Уставот. Прашувам и што значеше изјавата на министерот дека се надева кај уставните судии дека ќе преовлада разумот? Дали со ова ги кара уставните судии“, вели за А1он, Бранко Наумовски.

Би можело да ве интересира

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on