СЈО се откажа од барањето за замрзнување на палатата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Специјалното јавно обвинителство се откажало од барањето за замрзнување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата недела со поднесок до Врховниот суд, СЈО го повлекло барањето за заштита на законитоста со кое бараа од Врховниот суд да утврди дека решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје I Скопје, со кое беше одбиено барањето на СЈО за обезбедување на дел од имотот на политичката партија, било незаконито.

Одлуката на Врховниот суд со која се отфрла ова барање е објавена на сајтот на судот. Истата е донесена два дена откако СЈО го испратило своето откажување од палатата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Барањето за заштита на законитоста се отфрла. Според член 460 став 1 од Законот за кривичната постапка, ако јавниот обвинител го повлече барањето за заштита на законитоста, судот со решение ќе го отфрли барањето“, стои во одлуката на Врховен, донесена на 14.12.2017.

Барањето за замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ беше дел од истрагата за случајот Талир што се однесува на сомнение за перење пари и незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Според СЈО, првоосомничениот, Никола Груевски, ја злоупотребил својата службена положба со тоа што прифатил незаконски пари и формирал група, која се занимава со перење на пари, кои потоа ги уплаќале на сметка на партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ