СЈО: Обвинителката Ристоска имала сообраќајка со приватно возило

Од:

Од Специјалното јавно обвинителство ја потврдуваат информацијата дека јавниот обвинител Ленче Ристоска имала сообраќајна несреќа на 27-ми декември, додаваат дека патниците поминале без телесни повреди, но дека возилото со кое управувала обвинителката завршило со поголеми оштетувања.

Од таму за А1on ги демантираат тврдењата дека обвинителката возела со преголема брзина. Како што соопштуваат од обвинителството, сообраќајната незгода се случила во 13,00 часот на осојно место, каде коловозот бил замрзнат.

„До незгодата е дојдено како последица од излигување на автомобилот на кривина, поради замрзнатиот коловоз, а секако возилото било управувано со брзина во граници на дозволената и брзината на движење не е причина за настанување на незгодата. Се работи за приватно возило на обвинителката, поради што сметавме дека нема потреба јавноста да биде информирана. Повикана е полиција и изготвен е записник на барање на обвинителката, а поради потребите за реализација на осигурувањето на возилото“, додаваат од таму.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристоска: МВР декласифицираше голем дел од доказите за Тврдина 2

(ВИДЕО) Ристоска: Зедовме поголем дел од компјутерските податоци

А1он

Ристоска: Сите ќе одговараат, дури и ако треба ќе го растресеме целиот политички систем

А1он