СЈО нема да ѝ исплаќа пари за кирија и сметки на Катица Јанева

Од:

Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, од први септември годинава нема да добива 300 евра државни пари за закуп на куќата каде што престојуваше, ниту, пак, пари за режиски трошоци, т.е. сметки.

Извори од СЈО за „А1он“ потврдија дека Јанева нема да добие пари за оваа намена кои ги добивала од државата, но затоа ќе земе цела основна плата за месец август. Причина за ваквата одлука е тоа што Јанева е во 30-дневен притвор како осомничена во истрагата „Рекет“ на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Нашите извори од таму потврдија дека пред пресметката на платата за месец август, службите од СЈО се консултирале со Управата за јавни приходи од каде што добиле повратна информација дека нема законски пречки и Јанева може да добие цела плата за изминатиот месец.

Но, тоа се однесува само на основната плата. Неизвесно е дали на Јанева ќе ѝ бидат исплатени 30% додатоци на плата за доверливост, посебни услови за работа и постоење висок ризик.

Јанева е во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари од 21 август како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Рекет“, бидејќи на Орце Камчев, осомничениот бизнисмен во случајот „Империја“ за имотна корист му овозможила да излезе од притвор и да му биде вратен пасошот.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов