СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Од:

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Оттаму додаваат дека кривичниот совет на скопска единица воопшто не расправал по барање за укинување на мерките за претпазливост за обвинетиот Мијалков.

Од специојалното јавно обвинителство за „Макфакс“ потврдија дека тие не добиле барање со кое Мијалков бара да му биде вратен пасошот за да дадат мислење.

Во моментов во судот за Мијалков се водат три активни судски случаи за предметите „Таргет Тврдина“, „Трезор“ и „Тортура“.

За сите овие предмети судењата се во фаза на доказна постапка кога се изведуваат докази и се сослушуваат сведоци.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков