(ВИДЕО) СЈО ги лови украдените пари, најавува кривична и материјална одговорност

Од:

Специјалното јавно обвинителство на прес конференција најави дека води седум истраги во кои се опфатени 60 лица.

-Во овие постапки голем дел се финансиски истраги, и потребно е повеќе време дa се собере доказниот материјал. Лицата кои се бават со криминал освен кривична, ќе сносат и материјална одговорност. Сите лица се еднaкви пред Уставот и законите, рече обвинителката Ленче Ристоска.

Според неа, истрагите продолжуваат, рокот за поништување на одлуките за аболиција се уште не е изминат.

-Рокот за поништување на одлуките за помилување предвиден со законските измени, се уште не е изминат, па така ние очекуваме Претседателот Иванов да ги исполни своите законски и уставни обврски и во духот на владеење на правото да овозможи правдата да биде обезбедена. Во оваа прилика јавно го изразуваме нашиот став дека начелото на владеење на правото, како неопходен услов за правната сигурност на граѓаните, не смее да биде предмет на ограничувања и да се преземаат активности кои овозможуваат негова селективна примена. Кон правдата не смее да се има селективен пристап и да се затскрива вистината.

Воедно ја информираме јавноста дека сеуште го очекуваме одговорот од претседателот Иванов по однос на бараните податоци. Имено, нашето барање е упатено на ден 15.04.2016 година, па со оглед дека не добивме одговор, на ден 09.05.2016 година упативме и ургенција. Очекуваме дека и покрај ваквото доцнење, ќе го добиеме бараниот одговор од Претседателот Иванов.

Уште еднаш потенцираме дека ние продолжуваме со нашите активности и во иднина, при што Ве известуваме дека вкупната бројка на отворени истраги е 7 и со истите опфатени се 60 лица, додека вкупната бројка на предистражни постапки расте и со оглед на тајноста на овие постапки не сме во можност да ви обезбедиме подетални статистички податоци. Нашата мисија е да покажеме дека кириминалот не е активност која се исплати и дека во духот на владеење на правото е секој кој сторил криминал да биде одговорен за своите дејствија, а имотната корист која ја прибавил да биде конфискувана. Повторно укажуваме дека во нашето постапување сите се еднакви пред уставот и законите без исклучоци.

Морам да ја изразам нашата загриженост за неточности поврзани со нашата работа кои беа пласирани во одредени медиуми. Ова јавно обвинителство напорно работи да обезбеди точни информации и навремено да одговори на сите прашања. Ние ќе продолжиме да обезбедуваме информации со цел јавноста и медиумите да бидат што е можно подобро информирани. Во оваа насока Ве известуваме дека на нашата интернет страница ќе бидат објавувани седмични прегледи на изјави на ова јавно обвинителство дадени во одговор на поставени новинарски прашања, рече Ристоска.

Би можело да ве интересира

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда

Катерина Ѓуровски

Обвинителката Ристоска го доби случајот за дискриминација против Советот на јавни обвинители

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Ристоска: Измените на Кривичниот законик ги доживувам како навреда на сите професионалци

Горан Наумовски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески