Ситуацијата во Дебарца е еднаква на елементарна непогода – Една недела нема струја

Од:

Струшките улици и понатаму се оковани во снег и мраз. И по неколку дена од обилните врнежи од снег, улиците во градот во најголем дел се неисчистени. Стружани велат дека најаката зима со многу снег била во 1954 година, но и оти последниве две години биле меѓу постудените.

Во меѓу време 24 села од регионот на Дебарца седми ден под ред се целосно отсечени од светот.Грдските власти во оваа охридска општина најавуваат тужби против ЕВН Македонија, која како што велат една недела ги оставила без електрична енергија.

Градоначалникот Љупчо Којчиноски вели дека заедно со жителите ќе нподнесат тужби за надомест на претрпената штета против ЕВН. За она што се случува во Дебарца реагираа од ВМРО Народна партија.

„За жал во 21 век, во време кога луѓето одат на месечината, кога технологијата се развива со невидени размери, во Република Македонија една цела општина е целосно отцепена од светот. Додека од една страна Владата на Република Македонија ни презентира нереални наводни идни проекти и инвестиции, од друга страна остава на цедило една цела своја општина.

– Веќе една недела, Општина Дебарца, со 24 села и со околу 4000 жители е без струја, а основните институции не работат. Едноставно, жителите не можат нормално да ги извршуваат своите обврски и основни потреби.Оваа влада уште еднаш покажа дека нема грижа за своите граѓани и дека во интерес и се само рејтингот и бизнис зделките помеѓу коалиционите партнери. Како и многупати до сега, така и сега ни ја покажа својата неспособност“ се вели во реакцијата на ВМРО Народна.

Од СДСМ сметаат дека она што се случува во Дебарца е еднакво на елементарна непогода.

„Ги повикуваме надлежните најитно да реагираат за да се среди ситуацијата и животот да се врати во нормала“ вели Митре Вељановски пратеник од СДСМ.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме