ВИДЕО: Сител, Вечер и ТВ Нова ја напуштија прес конференцијата на СЈО

Од:

Новинарите и сниматели на телевизиите Сител и Нова, како и новинар на весникот Вечер ја напуштија прес конференцијата на Специјалното јавно обвинителство поради како што рекоа, притисокот од обвинителството врз медиумите.

– Поради политичкиот притисок врз дел од медиумите, ние одлучивме да ги спуштиме камерите и да не ја следиме вашата прес конференција, рекоа новинарите од овие медиуми пред да ја напуштат прес конференцијата.

Обвинителакта Ленче Ристоска кажа дека СЈО не врши притисок и дека досега нема отворено никаква постапка против медиум, но секој кој е поврзан со кривично дело без разлика на неговата функција ќе одговара.

– За нас сите се еднакви пред уставот и законот. Доколку некој сторил кривично дело треба да одговара, а секако неговите активности во рамки на професионална и непристрасна истрага ќе бидат предмет на ревизија. Доколку одредени лица кои се сопственици или на друг начин поврзани со одреден медиум и сториле кривични дела, се разбира дека во интерес на сите е да се утврди дали се сторени делата и да се утврди дали ќе стои кривична одговорност, рече Ристоска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија