„Сител“ и лани најгледана телевизија

Од:

Повеќето од испитаниците во анкетата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги одговориле дека лани на дневна и неделна основа гледале „Сител“. На дневна основа „Сител“ гледале 38,85 отсто.

Втора, која дневно гледачите најмногу ја следеле е „Канал 5“, со 30,84 отсто, а потоа се „Телма“ и „Алсат-М“. Јавниот радиодифузен сервис е на петтото место во оваа категорија, а зад МТВ1 се „ТВ 24“ и „Алфа“. Од осмото до единаесеттото место се странските канали „Фокс“, „Спорт клуб“, „Дискавери“, „Нешнл џиографик“.

Податоците од истражувањето на АВМУ покажаа дека на неделно ниво „Сител“ ја следеле 52,85 отсто од испитаниците. На второ место неделно најгледана е „Канал 5“ со 45,41%, а на трето „Телма“ со 25,89%.

35,5 отсто од испитанците изјавиле дека најмногу гледаат вести, 20,4 отсто информативна програма, 10,8 отсто забавна и музичка програма, 9,7 отсто сериски филмови.

Анкетирањето е направено со CATI-метода – телефонско интервју со помош на компјутер. Вкупниот примерок го сочинуваат 9.600 испитаници.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми