Сите вакцини штитат од Делта-сојот на коронавирусот, велат од Министерството за здравство

Од:

Министерството за здравство реагира на дел од дезинформациите кои се појавија во јавноста околу тоа дека кинеската вакцина „Синовак“ наводно „не штити од делта сојот“ и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина.

„Ова тврдење е апсолутно неточно, нема ниту една студија или научен доказ кој ова го потврдува. Апелираме медиумите да не пласираат непроверени тези од поединци кои не се засновани на официјални информации од меѓународните здравствени институции. Досегашните анализи и официјални инофрмации на СЗО која ја одобри оваа вакцина, покажуваат дека истата е ефикасна 51% при заштита на асимптоматските случаи и штити 100% од развој на тешка форма на болеста. Согласно најновите две студии на СЗО спроведени во Бразил за ефикасноста на вакцината од новите соеви кои се во моментот во циркулација, потврдено е дека истата штити 50% во првата студија и 83% во втората студија“, велат од Министерството.

„Како што ќе има нови официјални студии и податоци за ефикасноста на вакцините, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста. Во овие исклучително чуствителни моменти кога започнува масовната вакцинација во нашата земја, апелираме на максимална одговорност од сите поединци и медиуми во однос на вакцинацијата и споделување исклучително на ставови кои се поткрепени со научни докази и ПОТВРДЕНИ студии“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски