Сите мерки за заштита се почитуваат во благајните на ДЛМ, се работи со скратено работно време

Од:

Добивките од игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија и наградната игра „Мој ДДВ # Моја награда“ добитниците може да ги подигнат од благајние од 10 до 14 часот..

Во благајните, како што посочуваат од Државната лотарија на Македонија, се преземаат мерките за заштита од коронавирусот и се почитува Протоколот за работа во благајните согласно кој скратено е работното време на балајаните за исплата на добивки во седиштето на друштвото и регионалната благајна во Кочани.

Од Друштвото наведуваат дека се преземени потребнитe активности со кои благајната во седиштето е преселена на приземјето од зградата се со цел добитниците за исплата и подигнување на добивките да не мора да се качуваат на вториот кат од зградата, а со тоа да се намали присутвото на луѓе во просторијата каде се врши исплатата.

Најавуваат дека ги презема забрзано сите потребни мерки и активности за отворање нова благајна за исплата на добивките во центарот на градот поточно во ТЦ Буњаковец со што се очекува намалување на фреквенцијата на добитниците за исплата и подигнување на добивките во седиштето на друштвото.

-Се преземаат мерки за сите лица кои пристапуваат во просториите на благајните да бидат дезинфицирани со антисептички средства и да користат заштитни ракавици. Од страна на друштвото воведена е строго утврдена процедура на постапување согласно која лицето кое пристапило во благајните за исплата на добивка целокупната потребна документација ја потпишува на начин кој обезбедува најголема заштита и со задолжително почитување на пропишаното растојание од повеќе од два метра од вработениот кој ја врши исплатата, истакнуваат во соопштението.

Додаваат дека континуитетт се преземаат активности за почитување на протоколот за воведување посебен ред за влез и лимитирано присуство на луѓе во благајните и не се дозволува влегување на повеќе од едно надворешно лице во просторијата каде се врши исплатата.

Работното време на благајните е од 10–до 14 часот секој работен ден. При исплата на добивките постојано укажуваат на потребата за коректност и почит на своето здравје и здравјето на другите.

Добитниците,наведуваат, е неопходно да доаѓаат со заштитни маски и ракавици, во случај на повеќе од еден добитник или играч пред благајната, аплираат на држење на потребно растојание од повеќе од два метра, со давање предност на повозрасните лица.

Играчите на Лото 7 и Џокер ги потсетуваат на можноста за on-line уплата преку веб страната www.loto.mk, при што со креирање кориснички профил се добива можност за онлај уплата, но и on-line исплата за сите видови добивки, освен премиите за 7-ка и Џокер со 6 погодоци.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

А1он

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за екс директорка и шефица на финасии во „Лотарија“ за проневера на 80 илјади евра

Видеолотарија Касинос Австрија исплати 54.345.757 денари за ВЛТ Џекпот добивки во септември

Првиот сведок на Обвинителството сведочеше контра обвинението во случајот „Државна лотарија“