Македонија преку проект на Европската комисија ќе добие портал на кој на едно место ќе ги собере сите геоподатоци што ќе овозможи поефикасна работа на институциите.
– Седумнаесет инститиуции треба да работат за 34 видови геопросторни податоци, кои согласно стратегијата на Владата усвоена летово ќе треба да се обединат во еден владин геопортал кој по неговата имплементација ќе ги даде резултатите. Значи на едно место сите податоци ќе бидат ставени. Тоа ќе биде едно море од податоци кои ќе овоможат поефикасна работа на институциите, рече на отворањето на работилницата директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.
– Кога станува збор за собирање податоци, како на пример националните паркови дали се однесуваат на заштита од пожари или слична намена, навистина е потребно да се соработува прекугранично. Постојат повеќе региони на Балканот во кои е потребна прекугранична сорабока, но сепак тоа е се уште рано да се направи, сега зборуваме за национални инфраструктури на просторни податоци, истакна Кроис, додавајќи дека е предност нивното постоење.
Тој потенцира дека многу од институциите во ЕУ имаат многу геоподатоци, кои се однесуваат на вода или на што било друго што има географска локација и оти се усогласени за да можат да се користат на единствен начин, но оти и таму постои уште многу работа.
Проектот предвидува пренесување на европското законодавство од оваа област и собирање на податоците.
Агенцијата за катастар на недвижности презема активности за креирање Национална стратегија на инфраструктурата за просторни податоци која е предуслов за нивно создавање.