Сите клиники во долгови, луксузот „економски директори“ уште во фотелјите

Од:

Владата вети дека економските директори ќе бидат укинати, но тие и натаму со истечен мандат финансиски водат голем дел од клиниките.

Ова е фасцинантна бројка на т.н „економски директори” кои требаше одамна да заминат од овие места. На дел од нив договорите им се истечени, а другите се уште се борат да опстојат и да продолжат со своето „економско“ работење .

Дека има некое „фајде“ од економските директори укажува само фактот дека речиси сите клиники се во големи долгови, со неплатени сметки за струја и вода, и спуштање на установите на дното. Укинувањето на економските директори требаше да се случи одамна како што најави и новата влада на РМ. Трошоците се огромни по основ на плати, а од друга страна граѓаните собираат пари со донации и помош од поединци за лекување на пациенти.

Во август беа разрешени економските директори во Клиничката болница Тетово, во Клиничката болница Штип и на универзитетските клиники за радиотерапија и онкологија, за кардиологија, за кардиохирургија, за клиничка биохемија, за неврохирургија, за дигестивна хирургија, за пластична хирургија, за торакална и васкуларна хирургија и за гастроентерохепатологија.

Но се уште се економски директори Гоце Велјановски на Ендокринологија, Маја Дерменџиева на Хематологија, Горан Кипријановски на Рентгенологија, Авни Исмаил на Трансфузиологија, Даниела Шапкарева на Детска хирургија, Марко Шопов на Кожна клиника, Ријад Алими на Детска болница Козле, Ридван Ибраими на Педијатрија, Бесим Кока на Здравствен дом, Нермин Бајрами Шакири на Градска болница и Исен Амети на Реуматологија.

Досегашниот министер за здравство, Арбен Таравари, во јуни годинава најави дека прво што ќе направи по преземање на секторот здравство е укинување на плаќањето по учинок на лекарите и на економските директори во клиниките и болниците.

„Сметам дека нема потреба од двајца директори на клиниките, односно дека нема потреба од економски директор. Таа работа може да ја вршат службеници. Немаме пари за луксуз. Плаќањето по учинок ќе го укинеме, а ќе најдеме начин како да се зголемат платите на докторите. Парите што се одвојувале досега за плати на економските директори на клиниките сметам дека треба да се искористат да се наградат тројца или четворица најдобри лекари на секоја клиника“, рече Таравари во јуни.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада