Сите гранични премини затворени, се пропуштаат само камиони и овластени лица

Од:

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Сите гранични премини се затворени и за влез во земјава за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Се враќаат границите во ЕУ поради мигранти – По Германија и Австрија и Чешка воведоа контроли

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска