Сите деца во строј во училишниот двор за пречек на Груевски

Од:

Фотографија од првиот училишен ден која многу кажува во каква земја живееме и каква е свеста на сите што добиваат функции по партиска линија.

Учениците во ОУ „Димитар Миладинов“ се построени во два реда во училишниот двор за да го пречекаат Никола Груевски кој ја носи ќерката на првиот училишен ден.

Но тоа не е се. Груевски во дворот го пречекува директорката на училиштето која го спроведува до училницата и нормално му одредува место во првиот ред, а сите други родители се зад него. Има ли одговор директорката за ваквото деградирање на останатите деца и родители и што е повеќе еден претседател на партија па и нека е пример, од другите родители? Од каде и што потекнува нејзината обврска да пречекува партиски лидери и дали така се однесува кон сите родители?

Згора на тоа, за овековечување на настанот беше ангажиран владин фотограф.

Фото: Нетпрес

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски